Над 3,600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација и се поделени над 7.500 информативни материјали, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата“, соопштија од Министерството за здравство.

Исто така, во рамки на оваа кампања се вакцинирани и 2.630 граѓани над 65 годишна возраст во нивните домови со вакцина против сезонски грип, кои не можеле да пристапат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина за Ковид-19.

Во кампањата беа вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови. Вкупно беа посетени 221 рурално место и 79 урбани населени места, односно вкупно 3.867 домови низ државата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.