Рафаел Надал е се поблиску до решението да се пензионира, откако денеска и официјално ја повлече пријавата за настап на мастерсот во Монте Карло, кој се игра од 8 до 16 април.
Шпанецот на овој турнир победил дури 11 пати, а во периодот помеѓу 2005 и 2012 година немаше загубено ниту еден натпревар.
„Се уште не сум подготвен да се натпреварувам на највисоко ниво, поради што нема да настапам на еден од најважните турнири за мене во Монте Карло. Продолжувам со процесот на рехабилитација и се надевам на брзо враќање на теренот“, изјави Надал.
Еден од најдобрите на сите времиња нема одиграно ниту еден меч по повредата на стомачните мускули на Австралија опен, каде што во второто коло загуби од Mекензи Мекдоналд.