Многу вкусно и хранливо

СОСТОЈКИ:

1 кг. компири
5 јајца
1 чешне лук
половина лажичка сенф
малку сол и бибер
семиња од сѐ само 3 лажици (тиква, сончоглед, кикирики …)
200 гр. Кисела павлака
2 лажици масло
1 лимон

ПОДГОТОВКА:

Печете ги компирите во рерна заедно со лушпата. Печете на 220 степени додека не омекнат. Сварете ги јајцата.

Излупете ги компирите и јајцата, потоа изрендајте ги или исечкајте ги.

Испечете ги семенките и издробете. Измешајте ги сите наведени состојки и уживајте во вкусна салата. Ако сакате, можете да додадете мајонез во салатата. Пријатно!