По поразот на Скопје од Вардар во бараж мечот за место во ПМФЛ-лигата, Мирсад Јонуз си поднесе оставка. Поранешниот македонски селектор му се заблагодари на раководството на клубот за условите кои ги обезбеди во месеците додека беше тренер.

„По поразот од Вардар повеќе не сум тренер на Скопје. Голема благодарност до раководството на клубот за сето она што го направија во месеците додека јас бев тренер, ги обезбедија максимално сите услови за функционирање, им посакувам се најдобро во иднина. На играчите пак им порачувам да се замислат за своите кариери“, изјави Јонуз.

Вардар вчера го победи Скопје со 3-0 и се врати во Првата лига./Sportmedia/

Прикажи повеќе