Министерството за надворешни работи на Полска издаде корекција на 10-те лаги што Путин ги кажа на публиката на Такер Карлсон во текот на неговото интервју

Министерството за надворешни работи на Полска @PolandMFA  издаде корекција на 10-те лаги што Путин ги кажа на публиката на Такер Карлсон во текот на неговото интервју.

  1. Полска соработуваше со Хитлеровата Германија.

Пред Втората светска војна, полската дипломатија се обидуваше да оджува добрососедски односи со Германија. Влегувањето на Полска во каков било воен сојуз со Хитлер не доаѓал во предвид. Во периодот помеѓу Првата и Втората светска војна, Полска се најде меѓу два агресивни соседи: Германија и Русија, од кои ниту еден практично не го призна правото на полската нација да има независна држава.

Во 1934 година, во Берлин, беше потпишана Германско-полската декларација за ненапаѓање, која имаше за цел да гарантира решавање на споровите на мирен начин. Уште пред тоа, во 1932 година, сличен пакт за ненапаѓање беше потпишан со СССР.

  1. Полјаците го принудија Хитлер да ја започне Втората светска војна против нив. Зошто Полска ја започна војната на 1 септември, 1939 година? Не сакаше да соработува. На Хитлер не му преостана ништо друго освен да почне да ги спроведува неговите планови за Полска.

Втората полска република ги отфрли тврдењата на Хитлер како и неговиот предлог да влезе во полско-германски сојуз против СССР.

Хитлеровата Германија и советските власти беа тие кои потпишаа договор против Полска на 23 август 1939 година (т.н Молотов-Рибентроп Пакт), кој ѝ дозволи на Германија да ја нападне Полска на 1 септември 1939 година. Советска Русија и Хитлерова Германија соработуваа заедно до јуни 1941 година.

  1. Полска стана жртва на политиките што ги водеше против Чехословачка, бидејќи според добро познатиот Молотов-Рибентроп Пакт, дел од таа територија, вклучувајќи и западна Украина, требаше да ѝ се даде на Русија.

Полска не учествуваше во, ниту беше страна во Минхенскиот договор (од 30 септември 1938 година), кој што всушност сериозно го ограничуваше суверенитетот на Чехословачка. Полските тврдења во однос на Транс-Олза беа изнесени по потпишувањето на Минхенскиот Договор.

  1. Така Русија, која тогаш се нарекуваше СССР, ги врати нејзините историски земји.

СССР ја приклучи источната територија на Полска како резултат на вооружена агресија (17 септември 1939 година) додека Полска се бранеше од германската инвазија.

Ѝ заби нож во грб на полската држава. Таканаречените народни референдуми што ги одржаа Советите на источните гранични подрачја на Полска беа придружени со терор и местења. Лавов и тогашните провинции на Лавов и Станиславов (денешна западна Украина) никогаш не биле дел од Руската империја. Ниту пак регионот Вилнус бил историски дел од Русија.

  1. Украина е всушност вештачка држава создадена од Ленин и Сталин.

Денешна Украина произлезе како држава благодарение на украинското национално движење. Болшевиците не ја основаа, туку само го освоија нејзиниот дел за да основаат една од советските републики. Украина произлезе по волја на самите Украинци.

  1. Левиот брег на Днепар, вклучително и Кијив, е исторска руска земја.

Кијив бил историски главен град на Рутенија, а Москва во тоа време не постоела. Во 1991 година, Украина стана независна држава со меѓународно признати граници.

  1. Идејата за Украинците како посебна нација се појави во Полска.

Процесот на самоопределување на Украинците како посебна етничка група беше паралелен со слични процеси во Европа од 19 век. Никој не ја „измисли“ украинската нација.

  1. Бази на НАТО се поставени на територијата на Украина.

Нема бази на НАТО на територијата на Украина.

  1. Беа извршени два државни удари во Украина за вештачки да ги прекине нејзините врски со Русија.

За време на Портокаловата револуција, украинската нација се спротивставуваше на наместените избори. Одржувањето на следниот круг на гласање му овозможи на претседателот Виктор Јушченко всушност да ги освои мнозинството гласови. По Револуцијата на достоинството, претседателот Петро Порошенко демократски ги доби претседателските избори.

  1. Во 2014 година, Москва беше принудена да го брани Крим затоа што беше во опсаност.

Немаше никаква закана за Крим во 2014 година.