Средбата на косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ на 14 септември во Брисел нема да донесе ништо конкретно за имплементација на договорите од Брисел и Охрид, вели политичкиот аналитичар Артон Демхасај. Според него, ако страните продолжат да ги застапувата досегашните позиции, ќе нема да има придвижување напред.

Сепак, тој е оптимист ако има поголем притисок од меѓународните сојузници, САД и ЕУ, ќе има можност да се постигне определена нормализација на односите меѓу Косово и Србија пред изборите во овие две земји следната година.

„Постои многу голем интерес од Соединетите Американски Држави и Европската унија, да има што е можно поскоро индиции за имплементација на договорот Брисел-Охрид, што би подразбирало некаква нормализација. Не очекувам ништо исклучително од септемвриската средба што може да се одржи меѓу Курти и Вучиќ. Но, ако се работи за трилатерална средба на медијаторите и двете страни, ќе има позитивни знаци дека може да има натамошни средби на кои ќе се разговара за прашањето за нормализација на односите. Затоа, мислам дека постои можност пред изборите во САД и ЕУ, да има нормализација меѓу Косово и Србија, бидејќи нема друг начин“, изјави Артон Демхасај, аналитичар.

Поскептичен е политичкиот аналитичар Дорајет Имери. Тој за „Косова прес“ вели дека не очекува напредок во дијалогот без распишување на делумните локални избори на северот на Косово.

„Тоа е во продолжение на напорите на медијаторите да понудат решение кое ќе биде неопходно за продолжување на нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија. Да се имплементира договорот постигнат во Брисел и Охрид. Веројатноста за напредок во овој поглед е навистина минимална, но Европската унија и САД, преку своите емисари, ќе се обидат да го прошират своето влијание преку притисок барајќи од страните првично деескалација на каква било форма, особено на северот и можеби политички договор што би значел отстранување на сегашните градоначалници и одржување избори во тој дел од земјата што е можно поскоро. Знаејќи дека секое одложување на одржувањето на изборите таму ќе ја одреди динамиката на спроведувањето на договорот“, рече Дорајет Имери, аналитичар.

Средбата Курти – Вучиќ ја најави минатата недела високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, на прес-конференција во Шпанија.

Двајцата последен пат се сретнаа на 2 мај, девет дена по вонредните избори во северно Косово, кои беа бојкотирани од локалното српско население. Оттогаш, имаше голем број тензии и кризи меѓу двете земји./Alsat.mk