Првата дама на САД Џил Бајден напиша детска книга за нејзината мачка од Белата куќа – Вилоу, која ќе биде објавена во јуни, објави њујоршката издавачка куќа „Сајмон и Шустер“.

Џил напиша сликовница наречена „Вилоу, мачката од Белата куќа“, објави АП.

Агенцијата вели дека мачката ја импресионирала Џил Бајден откако скокнала на сцената додека таа зборувала на фарма во американската држава Пенсилванија за време на претседателската кампања во 2020 година.

Бајден подоцна ја посвоилa мачката и ја нарекла по нејзиниот роден град Вилоу Гроув, Пенсилванија.

Вилоу, која сега има четири години, е единствениот миленик на семејството Бајден кој сè уште живее во Белата куќа.

Семејството Бајден имаа тројца германски овчари во Белата куќа, од кои едно почина во 2021 година, а другите два беа отстранети бидејќи го нападнале персоналот на Белата куќа и Тајната служба.

Сликовницата е напишана од Џил во соработка со наградуваната авторка Алиса Сатин Капучили и илустрирана од уметникот Кејт Берубе, а приходите од продажбата на книгата ќе бидат донирани во добротворни организации кои ги поддржуваат воените кучиња.

Првата дама на САД претходно ги напиша детските книги „Не заборавај, Господ да ги благослови нашите војници“ и „Приказната за Џо Бајден“.