Спектакуларниот натпревар од второто коло на Вимблдон помеѓу Енди Мареј и Стефанос Циципас беше прекинат по три сета, 20 минути пред почетокот на полицискиот час (22:40 часот по локално време) во главниот град на Англија. Дуелот ќе продолжи во петок, а британскиот тенисер по пресвртот води со 2-1, по сетови 6-7/3, 7-6/2, 6-4. Победникот од овој меч во третото коло ќе се сретне со Ласло Џере, кој во четвртокот го елиминира Бен Шелдон.

Навивачите на Централниот терен не беа одушевени од одлуката за прекин на натпреварот, но самиот Мареј инсистираше тој да биде прекинат.

Вимблдон има специфични правила со кои едноставно мора да се помират сите. После 23:00 нема тенис, тогаш почнува некаков полициски час, сите се пакуваат и си одат дома. Фановите, тенисерите и сите останати полека се навикнуваат на уникатноста на лондонскиот Грен слем во споредба со останатите – Мелбурн, Париз и Њујорк.

Ова правило е во сила од 2009 година, кога е поставена кровната конструкција на Централниот терен.

Прикажи повеќе