Енди Мареј имаше убедлив старт на Вимблдон, откако во три сета го совлада Рајан Пенистон. Шкотот ја забележа само четвртата победа на Вимблдон во последните три години и полн со самодоверба го продолжува својот настап на третиот Грен слем сезонава.

„Играм доволно добро за да можам да ги добијам повеќето играчи. Размислувам за играчите од ждрепката. Физички сум во одлична форма, се чувствувам апсолутно добро. Мислам дека сум еден од најдобрите играчи на трева во светот, добро сум подготвен и нема причина зошто да не имам добар турнир“, рече Мареј.

Двократниот шампион на Вимблдон е ветеран кој се врати на тенисот по големите проблеми со колкот и неколкуте операции. Додека сите му предвидуваа крај на кариерата, тој продолжува да се бори и да постигнува добри резултати.

Прикажи повеќе