Македонските одбојкарки дојдоа до три-сет топки, но сепак не освоија сет и загубија со 3-0 (25:19, 25:17 и 31:29) на гостувањето во Летонија во петтото коло од Европската сребрена лига. Тимот предводен од селекторот Стефан Пауновиќ добро го почна натпреварот и имаше водство од 5:2, но потоа противничките презедоа контрола, одиграа два доминантни сета предводени од коректорката Левинска и од примачката Јурџа, а Македонија трпеливо ја чекаше својата шанса и ја дочека на средината на третиот сет кога создаде комотна предност за завршницата.

Сепак, без оглед на водството од 23:20, нашите девојки не успеаја да создадат врзани сет-топки, Летонија напрвави серија од 4:0 и поведе со 24:23, по што двете репрезентации се менуваа во освојувањето поени. Во тој период македонскиот национален состав имаше три можност да го освои првиот сет во премиерниот настап во Европската сребрена лига, но тоа не се случи, па Летонија забележа уште една максимална победа против нас.

Со желбата и со посветеноста, девојките го заслужија тој сет затоа што и на гостувањето во Естонија во саботата одигра подобро отколку во скопските натпревари, а и денеска беа на повисоко ниво отколку на првиот дуел со Летонките. До завршувањето на ова европско патешествие останува уште средбата во Австрија за три дена.

Прикажи повеќе