Репрезентацијата на Македонија во фудбал, откако се смести во Манчестер, денеска го одработи првиот тренинг на теренот на стадионот „Олд Трафорд“ каде утре ќе го одигра третиот натпревар на квалификациите за ЕП 2024 година, против Англија. Домаќините ја бараат четвртата победа во групата Ц, откако претходно ги победија Италија, Украина и Малта.

„Сите во Манчестер очекуваат лесна победа за репрезентацијата на Англија за да го продолжат позитивниот чекор на својата земја во овие квалификации. Очигледно во Манчестер се убедени дека ќе биде лесна победа за Англија, но Македонија мора да биде она што беше во првото полувреме против Украина и силно да се спротивстави за да се надева дека можеби ќе оствари позитивен резултат во текот на квалификациите за ЕП 2024. Домашните медиуми истакнуваат дека стадионот Олд Трафорд ќе биде полн бидејќи е продаден со максимален капацитет, па Англија ќе има поддршка“, изваестува Махир Тачи, новинар на АЛСАТ М.

Во меѓувреме, нашата фудбалска репрезентација поради прогнозата за невреме во доцните часови денеска беше принудена да го помести распоредот на тренинзи за цели 4 часа од официјалното време. Сепак, тоа не го спречи тренерот Благоја Милевски да ги освежи силите и да ја врати довербата кај фудбалерите. Инаку, на овој натпревар Милевски на располагање ќе го нема Висар Муслиу, кој беше казнет со црвен картон на натпреварот против Украина во Скопје. Дуелот Англија-Македонија се игра утре вечер со почеток во 20.45 часот.

Од Манчестер за Алсат-М, Махир Тачи

Прикажи повеќе