Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги откри шеширите по кои ќе се одвива ждрепката за квалификациите за следното Европско првенство во ракомет за жени во 2024 година.

Advertisements

Репрезентацијата на Македонија ждрепката ќе ја пречека од вториот шешир, каде уште се и селекциите на Романија, Србија, Словенија, Полска, Чешка, Словачка и Исланд. Фаворитска улога, односно место во првиот шешир имаше за најдобрите европски селекции, додека во третиот има незгодни селекции како Украина, Португалија, Грција, Турција…

Место на Европското првенство ќе обезбедат првите две селекции од секоја група, како и четири најдобри третопласирани селекции.

Ждрепката за квалификациските групи е закажана за на 20 април во Цирих со почеток во 17:00 часот./Gol.mk

Прикажи повеќе