Македонската ракометна репрезентација ги дозна термините за одигрување на мечевите од Европското првенство кое во јануари 2024 година ќе се одржи во Германија.

Македонија ќе стартува со натпревар против силната Франција, дуелот и дефинитивно ќе се одигра на стадионот во Дизелдорф кој има капацитет од над 50.000 гледачи.

Потоа ќе имаме четири дена пауза, а возбудувањата ќе продолжат на 14 јануари кога ќе се соочиме со домаќинот Германија. Почетокот на овој меч е закажан за 20:00 часот, а Македонија ќе има тешка задача со реномираниот противник кој максимално мотивирано го чека почетокот на Европското првенство.

Последниот натпревар ќе биде против селекцијата на Швајцарија. Со нив ќе се сретнеме два дена подоцна, на 16 јануари, со почеток во 20:00 часот. За потсетување, само првите две селекции ќе прогресираат во втората фаза од континенталниот собир, што значи дека мисијата за Македонија на ова Европско првенство ќе биде пеколно тешка.

Прикажи повеќе