Лос Анџелес Лејкерс славеа победа против Голден Стејт Вориорс со 104:101 и поведе со 3:1 во НБА плеј-офот. Третата победа во четвртиот натпревар, во меѓусебната серија со Њујорк Никс ја забележа и Мајами Хит. Мајами води со 3:1, по победата од 109:101.

Во меч полн со пресврти, Лејкерси го решија прашањето за победникот во последниот период, во кој се истакна Лони Вокер со 15 поени. Леброн Џејмс беше најефикасен во победничкиот тим со 27 поени, а одлична поддршка му пружи Ентони Дејвис со 23 поени и 15 скока. Актуелниот шампион е на еден меч до елиминација, а на Вориорс не им помогна ниту трипл-даблот на Стеф Кари од 31 поен, 14 асистенции и 10 скока. Во поразениот тим се истакнаа Ендрју Вигинс со 17 поени и Гери Пејтон со 15 поени.

Победникот од оваа серија се среќава со подобриот од серијата Денвер-Феникс каде моменталниот резултат е 2:2.

Џими Батлер имаше уште една одлична вечер, постигна 27 поени со 10 асистенции и шест скока, а имаше и две украдени топки и една блокада. Го следеше Адебајо со 23 поени, 13 украдени топки и две загубени топки. На овој натпревар, Батлер стана само шестиот играч во последните три децении кој постигнал 25+ поени во 10 последователни натпревари во плејофот. Пред него тоа го направија само Мајкл Џордан, Шекил О’Нил, Коби Брајант, Леброн Џејмс и Кевин Дурент. Кај Никс се истакна Бренсон со 32 поени, 11 асистенции и четири скока, додека Барет постигна 24 поени, а покрај тоа имаше и четири скока и три асистенции.

Победникот од оваа серија ќе игра против Филаделфија или Бостон. Резулттот во оваа серија е 2:2