Лука Модриќ деновиве ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид. Платата ќе остане иста, 10 милиони нето по сезона, но Реал во последен пославиле свои услови, Модриќ нема да има ист статус во тимот како досега. Шпанска „Марка“ и германски „Билд“ пренесуваат дека капитенот на хрватската репрезентација бил повикан на состанок по дебаклот и елиминацијата од Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

За 40 дена, откако ќе му истече актуелниот договор, Модриќ ќе добие нов, но со изменети услови. Имено, како што се наведува, Џуд Белингем доаѓа во тимот за 120.000.000 евра и доколку тој трансфер се реализира, ќе стане најскапо платениот играч на Реал во историјата на клубот.

Тој би станал носител на играта на „кралевите“ во следната деценија, а тоа би значело дека Модриќ заедно со Тони Крос ќе ја загуби минутажата, а заедно со Белингем повеќе простор ќе добива и двоецот Камавинга-Чуамени. Белингем би бил вториот најплатен играч на Реал со годишна плата меѓу 25 и 30 милиони евра./Makfax

Прикажи повеќе