Роберт Левандовски подемот го започна во Борусија Дортмунд, потоа играше во Баерн, а сега го предводи нападот на Барселона. Полјакот, внимателно ги следи настаните во Бундес лигата, каде Баерн и Дортмунд се борат за шампионската титула. Не крие дека навива за Баерн.
„Слушам дека многу луѓе во Европа велат дека би било подобро ако Дортмунд ја освои титулата во лигата. Сепак, јас секогаш ќе навивам за Баерн и се надевам дека момците ќе ја освојат титулата во Германија и ќе покажат дека се најдобри. Последните три натпревари ќе бидат многу возбудливи, но навивам за Баерн и се надевам дека ќе бидат шампиони“, изјави Левандовски.
Овој 34. годишен напаѓач за Дортмунд одигра вкупно 187 натпревари, постигна 103 гола и забележа 42 асистенции. Во 2014 година, како слободен играч се пресели во Минхен. За осум сезони во Баерн одигра 375 натпревари и постигна дури 344 гола и додаде 72 асистенции.
Во досегашниот дел од сезоната за Барселона одигра 41 натпревар во сите натпреварувања каде успеа да постигне 29 гола и да додаде уште седум асистенции.