Лос Анџелес Лејкерс го потврди статусот на фаворит и славеше над Детрот Пистонс со 110-106, а за тоа најзаслужен беше Леброн Џејмс кој реализираше 33 поени со 5 скокови, 9 асистенции, 2 украдени топки и 1 блокада.

Џејмс на овој дуел погоди четири тројки (од девет обиди) со тоа што при една од нив направи потег со кој го привлече вниманието на јавноста. Тој доби топка од Вестбрук, топка која ја прифати со една рака при што изгледаше како дека ќе ја загуби, па дури и играчите на Детроит на клупата ја очекуваа кај нив.

Меѓутоа Леброн елегантно ја спушти и погоди за три преку Стјуарт.