Барселона ја обезбеди титулата во шпанска Примера со победа на гостински терен кај Еспањол, а навивачите имаат уште една причина за радост затоа што првиот човек на клубот Жоан Лапорта потврди преговори со Лионел Меси.

Лапорта истакна дека планот на Барселона е да се најде систем како да се донесе Лео Меси во клубот, затоа што Барса, практично, е негов дом. Сепак, главниот збор тука ќе го има менаџментот на лигата.

„Го сакаме Меси, но нема да понудиме луди бројки за договор. Ќе се обидеме да направиме функционален систем.

Каде ќе игра Меси во нашиот клуб?

Чави ќе одлучи. Ама, знам дека нема да има проблем со најдобриот фудбалер на светот. Разговарав со Лео, го поправивме нашиот однос. Барселона е Барселона, овој клуб може да се носи со секого. Без разлика дали е Ал-Хилал или некој друг. Ама Барселона е домот на Лео Меси. Го сакаме дома“, изјави Лапорта.

Лионел Меси го носеше дресот на Барселона 2000 до 2021 година. Аргентинецот во моментов е дел од ПСЖ каде е незадоволен и со кого има договор до 30 јуни.

Прикажи повеќе