Екипата на ЖРК Металург нема да го брани трофејот во Купот на Македонија. Поради беспарицата, ракометарките нема да играат и така продолжува кризата на колективот од Автокоманда.

По машкиот клуб кој замина во историјата, на прагот на такво нешто е и женскиот. Кризата и беспарицата ги примораа ракометарките на ЖРК Металург да не го одиграат лигашкиот дуел со ЖРК Чаир, а сега нема да играат и со Куманово.

Бранителот на тронот така му го отстапи на ривалот местото во финалето. Неизвесна е иднината на ЖРК Металург, затоа што тимот може да остане без целосната екипа./Gol.mk/

Прикажи повеќе