Кулеба: Да се забрза испораката на дополнителни системи за противвоздушна одбрана, дронови и ракети со долг дострел

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, се обрати до оние кои можат да помогнат сега. Пораката на социјалните мрежи ја пренесе украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир.

Може да се остане набљудувач на рускиот терор – тоа е исто така позиција која се граничи со мирно гледање на смртта на другите. Може да ѝ се помогне на Украина да го совлада рускиот терор – тоа е подвиг, истакна Кулеба.

Тој побара да се забрза испораката на дополнителни системи за противвоздушна одбрана, дронови и ракети со долг дострел.

„Да се забрза испораката на дополнителни системи за противвоздушна одбрана и муниција за Украина. Да ѝ се обезбедат на Украина борбени дронови од секаков тип. Да ѝ се обезбедат на Украина ракети со долг дострел од 300 km+. Да се одобри употреба на замрзнати руски средства за помош на Украина. Да се изолираат руските дипломати во соодветните престолнини и меѓународни организации“, побара Кулеба.

Подготви: Ј. Ѓ. / FRONTLINE