Односите на Русија со европските земји се на историски најниско ниво, а секој бран на протерување руски дипломати ги намалува дипломатските можности и на тоа Русија ќе одговори на ист начин, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Последните денови, земји како Молдавија, Шведска и Норвешка протераа руски дипломати, што предизвика соодветни мерки од страна на Москва.

Песков во исто време го поздрави сето она што може да доведе до крај на војната во Украина, одговарајќи на прашањето што мисли за телефонскиот разговор меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Портпаролот на Кремљ рече дека Русија е запознаена со деталите за тоа што разговарале двајцата лидери и повтори дека нивните позиции за конфликтот се добро познати.

– Но, Москва сепак ќе се стреми да ги постигне целите на специјалната воена операција во Украина – рече портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.

Прикажи повеќе