Оваа азиска земја постигна најдобри резултати во меѓународното оценување на учениците, а голема заслуга за тоа има посебниот начин на кој се предава математиката.Во основата на сингапурската математика се две клучни идеи: конкретен, сликовит, апстрактен пристап и мајсторство.Друг столб на сингапурскиот математички метод е поимот „мајсторство“ – идејата дека сите ученици во паралелката напредуваат еднакво. Некој, на пример, ќе го совлада собирањето побрзо од другите.
Дали овој метод може да донесе резултати надвор од Сингапур?

Методот веќе се применува во многу други земји, како што се САД, Канада, Израел, Велика Британија.

Линдорф верува дека успехот на сингапурскиот математички метод е тесно поврзан со образовната култура, општествениот контекст и историјата на Сингапур.

– Мислам дека не можете едноставно да го присвоите методот и да почнете да го применувате во други земји. Сингапур има интересна и уникатна историја. Размислувањето за промени во образованието во Сингапур е различно од размислувањето за промените во Велика Британија или САД – објаснува Линдорф.

Таа посочува и дека наставниците во Сингапур имаат подобри можности за напредување во кариерата, но и поголема поддршка во споредба со другите земји.

Еден од најважните фактори зошто Сингапур беше успешен по математика на тестот ПИСА е односот што учениците од оваа земја го имаат кон предметот.

– Прашањето е што луѓето мислат дека е придобивката од учењето математика и која е нејзината цел – додава тој.