реклама

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод одбележувањето на 115 годишнината од кодификацијата на албанскиот јазик, упати честитка во која се вели дека на овој ден, албанските интелектуалци и мислители ја унифицирале албанската азбука, а со која го поставиле темелот на културниот и духовниот идентитет на Албанците.

  • Јазикот е душата на еден народ, но писмото е неговиот идентитет. Треба да сме горди што нашите вредности се европски, кои нѐ обединуваат во различностите и со кои градиме европска држава, вели министерката за култура, во честитката по повод празникот 22 Ноември, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

Таа додава дека историјата и духовното наследство на Албанците се негуваат и преку Музејот на албанската азбука каде се чува богатото наследство значајно за уедначувањето на азбуката на албанскиот јазик.

реклама

Костадиносвка-Стојчевска која присуствувала на свечената акдемија по повод празникот 22 Ноември, организирана од Владата, порачала дека со прогласувањето на овој датум за Ден на албанската азбука и одбележувањето на еден од најзначајните датуми за Албанците, потврдуваме дека македонското општество е мултикултурно, во кое албанскиот јазик е составен дел од заедничкото јазично и културно богатство.

Во Собранието денеска беше доделена и државната награда „22 Ноември“, чии добитници годинава се проф-д-р Агим Винца и писателот Амет Селмани.

реклама