Филмска вечер на отворено со проекцијата на „Медена земја“ ќе биде одржана вечер кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк во Скопје.

Киното на отворено, што го организира Град Скопје, е можност граѓаните да уживаат во македонски филм во еден од последните викенди ова лето.

Проекцијата на филмот „Медена земја“ од режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ќе почне во 20 часот.

Бесплатната саботна филмска вечер е дел од богатата културна понуда на Градот Скопје во рамки на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

Прикажи повеќе