Иранската револуционерна гарда изврши напад врз цели во Ербил, Ирак

Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападнала, како што рече, „шпионски центри и места каде се собираат антиирански терористички групи“ во Ербил, Ирак, пренесува МИА повикувајќи се на објави од иранските државни медиуми.

„Нападот беше извршен на полноќ како одговор на неодамнешните терористички злосторства на непријателот на исламскиот Иран, а шпионскиот штаб и собирните места на антииранските терористички групи беа цел на балистички ракети на ИРГЦ и беа уништени“, соопшти иранската револуционерна гарда, пренесоа државните ирански медиуми.

Британските медиуми, цитирајќи три ирачки безбедносни извори, пренесуваат дека аеродромот во Ербил го прекинал сообраќајот откако во градот се слушнаа експлозии.