Израел предлага една недела пауза од борбите, во замена за 40 заложници

Израел му претстави предлог на Хамас кој вклучува еднонеделна пауза во борбите во замена за ослободување на околу 40 заложници, според Барак Равид, политички и надворешнополитички аналитичар на Си-Ен-Ен, цитирајќи двајца израелски официјални лица и друг извор со знаење за ова прашање.

Договорот му е претставен на Хамас преку катарски посредници, рече Равид.

Мајкл Херцог, израелскиот амбасадор во Соединетите држави, потврди дека Израел е подготвен да ги прекине борбите доколку тоа значи ослободување што е можно повеќе заложници, но не потврди дали е постигнат договор.

Хамас јасно стави до знаење дека нема да бидат ослободени повеќе заложници додека не дојде до прекин на огнот.

Но, како што продолжуваат дипломатските напори, хуманитарната криза во опколениот појас се влошува секој ден. Речиси 20.000 луѓе се убиени во израелската воена акција во Газа од 7 октомври, а повеќе од 52.000 се ранети, според Министерството за здравство под контрола на Хамас.

Во меѓувреме, голем дел од северниот дел на Газа е десеткуван од воздушни напади и, според Обединетите нации, речиси 1,9 милиони луѓе – повеќе од 80% од населението на енклавата, се раселени.

Д. Т.