Земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер ја погоди Алјаска, по што веднаш е издадено предупредување за цунами.

Американскиот систем за предупредување од цунами утринава објави црвен аларм за регионите на Пацификот лоцирани во близина на разорниот земјотрес.

Истовремено, опсерваторијата на вулканот во Алјаска, извести за закана од вулканот Шишалдин кој исфрлил пепел.

Силниот потрес бил на длабочина од 9,3 километри, соопшти Геолошкиот институт на САД.

Прикажи повеќе