Зеленски: Украина развива оружје за да се спротивстави на руските авиони

Украина се потпира на комбинирана заштита од руските воздушни бомби и развива сопствено оружје за да се спротивстави на руските авиони, изјави Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за телетонот „Јунајтед њуз“, пренесува „Укринформ“.

„Украина може да смета на комбинирана заштита од водени воздушни бомби. Досега, одбранбените сили користеа само системи за противвоздушна одбрана против руските авиони што носат водени воздушни бомби. Нивната ефективна употреба го принуди непријателот да лансира воздушни бомби од поголема далечина“, рече Зеленски.

Тој истакна дека на растојанието на кое украинските сили ги собориле непријателските носачи на бомби, тие сфатиле дека не треба да навлегуваат толку длабоко на украинска територија. Така, тие сега го зголемија растојанието, рече Зеленски.

„Мораме да го зголемиме бројот на системи за противвоздушна одбрана со долг дострел. Потенцирам дека Русија се плаши од ова“, рече тој.

Зеленски рече дека ситуацијата значително ќе се подобри со пристигнувањето на борбените авиони Ф-16, кои наскоро ќе ги добие украинското воздухопловство. Сепак, нивното количество ќе биде недоволно за целосна заштита од водени воздушни бомби. Затоа, Украина исто така развива сопствено оружје за да се спротивстави на руските авиони.

М. Пешевска