Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес ќе допатува во турскиот град Истанбул на покана на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Во рамки на посетата, Зеленски и Ердоган ќе остварат тет-а-тет и меѓуделегациска средба.

Се вели дека во рамки на состаноците ќе се разговара за последните случувања во врска со руско-украинската војна, Договорот за житниот коридор, чиј рок истекува на 17 јули, и за односите меѓу двете земји.

Прикажи повеќе