Зеленски: Бројот на загинати во вчерашните руски напади врз Украина се зголеми на 39

Во вчерашните руски напади врз Украина, кои беа меѓу најтешките од почетокот на војната, загинаа најмалку 39 лица, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– За жал, во овој момент броиме 39 загинати, напиша денеска Зеленски на социјалните мрежи и изрази сочувство до роднините на загинатите, пренесува МИА.

Според претходниот биланс од вчерашните руски напади на неколку украински места, загинале најмалку 30 лица, а повеќе од 160 биле ранети.

Вчера наутро Русија лансираше 122 проектили и 36 дронови врз украински цели, што беше окарактеризиран како најмасовен напад од почетокот на војната.