Отвореното Првенствна Франција, популарниот „Ролан Гарос“, ќе се одржи од 28 мај до 11 јуни. Наградниот фонд за најголемиот турнир на земја е зголемен и ќе изнесува 49,6 милиони евра што е за 12,3% повеќе од минатата година, потврдија организаторите.

Тие исто така соопштија дека победниците во женска и машка конкуренција ќе добијат по 2,3 милиони евра што е за четири отсто повеќе од претходната година.

„Наградниот фонд ќе изнесува 49,6 милиони евра, што е за 12,3 отсто повеќе од минатата година. За парите да бидат рамномерно распоредени, ја зголемивме заработувачката за поразените тенисери во првите три кола. Тие ќе добиваат 11 до 13 отсто повеќе во однос на минатата година“, соопштија организаторите./Спортмедиа/

Прикажи повеќе