Повеќе од 3 600 деца се убиени во Газа за само 20 дена, објави „Асошиејтед Прес“, повикувајќи се на извори од тамошното министерство за здравство.

И анализите на „Асошиејтед прес“ ги потврдуваат овие податоци, според кои до 26 октомври биле убиени 2 001 дете на возраст до 12 години, вклучувајќи 615 кои биле на три или помалку години.

„Овие два напади следуваат по 25 дена тековно бомбардирање, кои наводно резултирале со повеќе од 3.500 убиени деца – не вклучувајќи ги денешните смртни случаи – и над 6.800 деца наводно се повредени. Тоа би било над 400 убиени или повредени деца дневно, 25 последователни дена. Ова не може да стане ново нормално“, реагира УНИЦЕФ.

Од Светската хуманитарна организација „Спасете ги децата“ велат дека повеќе од 3 190 деца се убиени во Газа за три недели.

„Тоа го надминува годишниот број на деца убиени низ конфликтните зони во светот од 2019 година. Итно ни треба вашата поддршка за заштита на децата“, соопштуваат оттаму.

„Наводно повеќе од 3 450 деца се убиени, а бројките неверојатно се зголемуваат секој ден. Газа стана гробишта за илјадници деца. Тоа е жив пекол за сите “, рече портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, на брифингот за медиумите на ОН во Женева.