Од 2016 до 2021 година на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) е намалена смртноста кај предвреме родените бебиња од 26 на само осум отсто со тенденција овој процент и понатаму да паѓа.

Континуираната обука и унапредување на персоналот и силните инвестиции во модерна апаратура се клучот за успех и квалитетна работа на оваа Клиника, информираат од Министерството за здраввство.

Министерството за здравство соопшти дека една од главните негови заложби во изминатите години било унапредување на условите, вложување во модерна опрема и обуки на Клиниката за гинекологија и акушерство и таа заложба ја претвориле во ефикасна стратегија која за само пет години даде фантастични резултати и ги унапреди условите за родилките и обезбеди врвна нега за новороденчињата.

Во изминатиот период набавивме 15 модерни инкубатори, нешто што недостигаше на Клиниката но и низа други апарати и опрема, како микроскопи, системи за деминерализација, респираторни машини, подвижни протокомери за кислород и друга опрема. Оваа опрема беше нужна да се понуди најдобрата услуга, а со тоа и да се спасат што е можно повеќе млади животи, велат од МЗ.

На денот на предвреме новородените деца, Министерството порачува дека превенцијата, навремените прегледи и грижата за сопственото здравје на трудниците се клучот за стабилна бременост и зачувување на здравјето на бебињата. Министерството ќе продолжи да вложува и да го унапредува одделот за Гинекологија и акушерство со цел врвна услуга, многу спасени млади животи и европски стандарди во македонското здравство, стои во соопштението.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.