За два дена над 10.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против сезонски грип на страницата vakcinacija.mk, соопштија од Министерството за здравство.

Со бесплатна вакцинација ќе бидат опфатени следните ризични групи:

– Стари лица (над 65 години)

– Лица со хронични заболувања

– Здравствени работници

– Бремени жени

– Децата на возраст од 6 месеци до 5 години

– Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

Со пополнување на апликацијата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате, велат од Министерството за здравство.

Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.