Засега пет жртви во рускиот ракетен напад на Велики Бурлук во регионот Харкив

Регионалното обвинителство на Харкив извести дека телото на петтата жртва од рускиот напад врз станбена зграда на 14 февруари е извлечено од урнатините во Велики Бурлук во областа Купијанск во регионот Харкив, пренесува Укринформ.

„Спасувачите го извадија телото на 27-годишна жена од урнатините на уништената куќа. Бројот на загинати сега се искачи на пет, меѓу кои три жени и двајца мажи“, објави регионалното обвинителство во Харкив на Телеграм.

Повредени се пет лица. Акцијата за пребарување и спасување е во тек.

Како што е соопштено, на 14 февруари, приближно во 16 часот и 15 минути, руските сили лансирале две ракети С-300 кон Велики Бурлук. Во нападите е оштетена двокатна станбена зграда и приватна куќа. Дополнително, оштетени се и два полициски автомобили.

Подготви: Ј. Ѓ. / Фронтлајн