Залужни ја претстави стратегијата за пораз на Русија: Дизајнот на војната е променет, во 2024 година мораме да ги фокусираме нашите главни напори во три области

Само неколку дена откако неколку Телеграм канали објавија непроверена информација дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го разрешил од функцијата врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужњи, и истата набргу потоа беше демантирана од кабинетот на претседателот и од украинското министерство за одбрана, Залужни, од позиција на врховен командант на вооружените цили на Украина, во опиниот текст за Си-Ен-Ен   го изложи своето видување за стратегија на Украина во 2024 година за поразување на Русија и предизвиците што ја задржуваат неговата земја на воено поле.

Залужни наведе три главни цели на кои Украина треба да ги фокусира своите напори за одбивање на руската агресија оваа година.

„Во 2024 година, мораме да ги фокусираме нашите главни напори во три области. Создавање систем за обезбедување на нашите вооружени сили со високотехнолошки средства. Воведување нова филозофија на обука и војување која ги зема предвид ограничувањата во средствата и како тие можат да бидат распоредени. И, совладување на новите борбени способности што е можно поскоро“, напиша Залужни.

Според него, искуството од воените операции спроведени од вооружените сили на Украина во 2022-2023 година е навистина уникатно, но исто така ја обврзува командата постојано да ги прегледува постоечките способности и да истражува начини за стекнување предност над непријателот. Таквата предност е можна доколку Украина користи релативно евтини, најсовремени и исклучително ефикасни технологии кои брзо се развиваат.

Тоа е обидот да се искористи технолошкиот напредок што ќе и овозможи на Украина да преовлада во научните, техничките, технолошките и тактичките битки и ќе доведе не само до безусловна победа, туку и до заштеда и зачувување на ресурсите и на Украина и на нашите партнери. Потребата значително да се зголемат можностите на беспилотните системи и другите современи системи, позитивно да се влијае на текот на непријателствата, поттикнува како резултат на потрагата по нови форми и методи на употреба, што, пак, дефинитивно ќе влијае на структурата и на Вооружените сили и другите елементи на одбранбените сили на Украина, смета Залужни.

Според врховниот командант, таквите средства веќе им овозможуваат на командантите да ја следат ситуацијата на бојното поле во реално време, дење и ноќе и во сите временски услови;

-Обезбедување разузнавање во реално време што овозможува прилагодување на огнот деноноќно, без пауза; и
– Овозможена способност на Украина да изведува удари со висока прецизност против непријателски цели на напредни позиции и во длабочина.

Според Залужни, „ова не значи ништо помалку од големо редизајнирање на операциите на бојното поле – и напуштање на застарено, стереотипно размислување“.

Врз основа на искуството од водење на непријателствата и изгледите за развојот на бојното поле, според мислењето на Врховниот командант, следните одлучувачки услови за постигнување на овој резултат се:

– Постигнување апсолутна воздушна супериорност, особено на височини кои обезбедуваат ефективен напад, разузнавање, надзор и логистика;
– Лишување на непријателот од можности за спроведување на офанзивни или одбранбени операции;

– Зголемување на мобилноста на војниците и целосно ограничување на мобилноста на противникот;

– Обезбедување безбеден пристап до одредени позиции, преземање контрола на критичниот терен; и

– Лишување на непријателот од можностите за враќање на изгубените позиции и проширување на сопствените напори.

Залужни истакна дека исто така е важно да се решат голем број оперативни задачи, за секоја таква задача ќе се создадат потребните ефекти благодарение на вклучените сили и средства.

Врховниот командант забележа дека за да се имплементираат условите за создавање на потребните ефекти, веќе е неопходно да се разгледаат како посебни следните операции:

– Создавање на дигитално поле;
– Контрола на ситуацијата во е-војување;
– Комбинирана операција користејќи беспилотни летала за напад и сајбер средства; и
– Логистика.

„Ваквите операции ќе бидат координирани и спроведени според единствен концепт и план. Од суштинско значење, целта нема секогаш да биде само борбена во фокусот“, смета Залужњи.

Што се однесува до спроведувањето на операциите директно за постигнување ефекти, тие во суштина ќе бидат одбранбени и офанзивни. Во исто време, Залужњи нагласи дека, според видот на егзекуцијата, тие може да вклучуваат операција за намалување на економскиот потенцијал на непријателот; целосна изолација и исцрпувачка операција; роботска операција за пребарување и удар, роботска операција за контрола на кризните области, операција за психолошки удар и одбранбена технолошка бесконтактна операција.

Оваа листа на операции постојано ќе се проширува заедно со развојот на вклучени алатки, што доведува до потреба да се создаде нова организациска структура. Сето тоа ќе биде можно со флексибилен и брз одговор на владините институции на промените.

Според него, од посебно значење се беспилотните и другите современи технолошки системи.

Но, според Врховниот командант, иако владеењето на таквите технологии е клучно, тоа не е единствениот фактор што влијае на сегашната стратегија.

Мора да се бориме со намалување на воената поддршка од клучните сојузници, кои се борат со нивните политички тензии, смета Залужни.

Тој истакна дека залихите на проектили, пресретнувачи за противвоздушна одбрана и муниција за артилерија на нашите партнери стануваат исцрпени, поради интензитетот на непријателствата во Украина, но и поради глобалниот недостиг на погонски полнења.

Слабоста на режимот на меѓународните санкции значи дека Русија, во партнерство со некои други, сè уште е способна да го распореди својот воено-индустриски комплекс во потрага по војна за уништување против нас, пишува Залужни.

За да совладаат нови форми и методи, одбранбените сили треба да создадат целосно нов државен систем на технолошко преоружување, смета Залужњи.

„Имајќи сè предвид во овој момент, сметаме дека создавањето на таков систем може да се постигне за пет месеци. Нашите партнери се на ист став“, напиша тој.

„Нашата цел мора да биде да го искористиме моментот – да го максимизираме нашето акумулирање на најновите борбени способности, кои ќе ни овозможат да посветиме помалку ресурси за да му нанесеме максимална штета на непријателот, да ставиме крај на агресијата и да ја заштитиме Украина од неа во иднина“, заклучи Залужни.

За потсетување, како што претходно објави ЦИВИЛ МЕДИА, доцна во понеделникот, 29 јануари, неколку Телеграм канали објавија непроверена информација дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужњи, бил разрешен од функцијата. Истовремено, се лиферуваа и информации и за разрешување на министерот за одбрана Рустем Умеров.

Прес-секретарот на украинскиот претседател Серхи Никифоров ја демантираше веста дека Зеленски го отпуштил Валериј Залужњи од функцијата, додека Министерството за одбрана излезе со демант без да прецизира за кој функционер станува збор.

Лажната вест за смената на Залужни побрзаа да ја објават и неколку македонски портали, познати од предходно по ревносното пренесување на дезинформации подготвени во руските пропагандни кујни. Некои дури го објавија и името на наследникот на Залужни, секако од извори блиски на властите во Кремљ, рускиот пропаганден канал РИА Новости.

Драган Мишев


ПРОЧИТАЈТЕ И:

Кабинетот на Зеленски демантира дека е разрешен Залужни, дезинформацијата ја пренесоа и дел од македонските портали