Домаќинот на самитот – Индија, ги притисна членките на Г-20 да дадат заедничка изјава во која се осудува употребата на сила за да се добие територија, но директрно не ја критикуваа Русија. По завршувањето на самитот, официјален Киев рече дека Г-20 нема „со што да се гордее“, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој беше замената на претседателот Владимир Путин на самитот, прогласи дипломатска победа.

Во неделата, 10 септември, индискиот премиер Нарендра Моди го затвори самитот на Г-20, кој ги смири страстите и длабоките поделби околу војната во Украина и климатските промени.

Лидерите на групата дваесет најразвиени земји, во која спаѓаат Русија и Кина, како и некои од најсилните сојузници на Украина, долго време беа поделени околу војната во Украина и не можеа да се договорат за ништо, особено за инвазијата која трае веќе 18 месеци.

Рускиот претседател Владимир Путин не учествуваше на самитот на Г-20 во Њу Делхи, а бразилскиот претседател Лула најави дека тој ќе може да учествува на самитот следната година во Рио де Жанеиро, иако Бразил е еден од потписниците на Меѓународниот кривичен суд, кој издаде налог за апсење на рускиот лидер за воени злосторства.