Бројот на загинати во нападот на 27 украинскиот град Краматорск се искачи на 12 откако украинските спасувачи извлекоа уште едно тело од урнатините на ресторанот кој беше цел на руски напади.

„Вкупно, 12 лица, меѓу кои три деца загинаа, 60 лица се ранети, а 11 други се спасени“, се вели во соопштението на украинската служба за итни случаи објавено на 29 јуни.

Вонредните и спасувачките операции се завршени, се додава во него.

Ресторанот за пица, кој беше цел на нападот, бил популарен меѓу војниците, новинарите и локалното население во Краматорск, еден од најголемите градови што сè уште е под украинска контрола на истокот на земјата.

Украинските власти на 28 јуни уапсија наводен руски шпион вклучен во нападот во Краматорск.

Украинската служба за безбедност (СБУ), во соработка со специјални полициски сили, го приведе лицето, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм на 28 јуни.

„Кој им помага на руските терористи да уништат животи, заслужува максимална казна“, рече Зеленски во своето ноќно обраќање.