Тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ, доби жестока казна за инцидентот што го предизвика во неделата, на натпреварот против Кожув. Со оглед на дожината на казната можно е натпреварот со Кожув да беше последен за Николиќ како тренер на МЗТ. Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ го суспендираше Николиќ на десет натпревари, два се според пропозициите, а осум според дисциплинскиот правилник. Популарниот Гаги заработи и парична казна од 48.000 денари.

Ова значи дека Николиќ нема да може да го води МЗТ Скопје до крајот на оваа сезона, бидејќи до крaјот МЗТ максимално може да одигра уште десет натпревари. За потсетување, Николиќ влета на теренот и го собори противничкиот играч Мајрон Гордон, на тој начин спречи контра на Кожув. До крајот на сезоната, екипата ќе ја води првиот помошник Васко Атанасов.

Покрај Николиќ, против Кожув беше исклучен и Абдул Малик Абу. Тој доби само парична казна од 5.000 денари. Играчот на Кожув Кожув, Домен Братож ќе треба да плати и 24.000 денари./Makfax/

Прикажи повеќе