Еурофарм Пелистер ги дозна конкретните термини за првите четири натпревари од Лигата на шампионите. Македонскиот првак го стартува настапот во елитното европско натпреварување против Колштад во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, со почеток во 18.45 часот.

Седум дена подоцна следи гостување кај Алборг, а следниот спектакл во Битола е на 28.септември кога доаѓа Кил. Тој меч е закажан со почеток во 20.45 часот.

На 12. октомври, Еурофарм Пелистер ќе му гостува на ПСЖ. Тој натпревар исто така е закажан со почеток во 20.45 часот.

Распоред на мечевите на Еурофарм Пелистер во ЛШ

  1. септември (18:45 часот) – Е. Пелистер – Колштад
  2. септември (20:45 часот) – Алборг – Е. Пелистер
  3. септември (20:45 часот) – Е. Пелистер – Кил
  4. октомври (20:45 часот) – ПСЖ – Е. Пелистер
Прикажи повеќе