Целосната дипломатска криза меѓу Турција и одредени моќни западни земји е избегната откако странските амбасади рекоа дека ќе ги почитуваат дипломатските конвенции за немешање, избегнувајќи ја турската закана за протерување на 10 амбасадори.

Advertisements

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој изминатиот викенд рече дека наредил амбасадорите да бидат прогласени за „персони нон грати“ откако побарале ослободување на затворениот филантроп, на прес конференција рече дека тие биле одбиени и дека треба да бидат повнимателни.

„Нашата цел никогаш не е да создадеме криза туку да ги заштитиме правата, законите, да го почитуваме суверенитетот на нашата земја“, рече Ердоган по состанокот на Владата. Десет амбасадори, вклучително и оние на САД и Германија, пред неколку дена ги повикаа турските власти да го ослободат Осман Кавала, филантроп и бизнисмен, кој се наоѓа во притвор под обвинение за финансирање протести и вмешаност во обид за државен удар. Тој ги отфрли обвинувањата.

Прикажи повеќе