За граѓаните на Македонија, Србија и Албанија од денеска е овозможен слободен пристап до пазарот на трудот во овие три земји, во рамки на иницијативата Отворен Балкан. Тие ќе може да работат во сите три држави со единствен број за идентификација, без какви било дополнителни процедури.

Граѓаните кои сакаат да се вработат во некоја од членките на Отворен Балкан или веќе нашле работодавач, треба да имаат матичен број за кој ќе можат електронски да се регистрираат во неколку чекори. Ова значи дека треба да пополнат формулар на платформата (eУправа) и да приложат валиден биометриски документ. Врз основа на доставените податоци, надлежните органи преку платфотмата еУправа  генерираат единствен идентификациски број на Отворен Балкан (IDOB).

После тоа, заинтересираната страна може да пристапи до порталот за еУправа на одредена земја и да поднесе барање за слободен пристап до пазарот на трудот. Одредената земја по проверка ја донесува конечната одлука. По добивањето на одобрението, заинтересираното лице може да се вработи, под исти услови како локален граѓанин на државата, до две години, а по истекот на овој периодот може да се продолжи престојот т.е. рокот на работната дозвола.

Прикажи повеќе