Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе престојува во Њујорк, каде во името на институцијата на ЕУ со која раковиди ќе ја прими Светската награда за мир и слобода.

Церемонијата на врачување на наградата, што ја доделува Светската асоцијација на правници, ќе се одржи во седиштето на Економскиот и социјален совет на ОН.

Во образложението на Светскиот правнички конгрес се посочува дека Наградата за мир и слобода и се доделува на Европската комисија поради нејзината посветеност на „промовирање на мирот преку правото и на владеењето на правото“.

Светската награда за мир и слобода неформално се смета за еден вид „Нобелова наргада за право“ и таа претставува највисоко признание што го доделува Светската асоцијација на правници.

Прикажи повеќе