Во голема акција на полицијата на пет европски земји прекината е интерконтинентална криминална мрежа која шверцувала мигранти од Куба во Европската Унија (ЕУ), при што се уапсени 62 лица, од кои 25 кубански државјани, соопштија Европол и Интерпол, кои ја координираа меѓународната истрага.

Во соопштението на Европол се наведува дека членовите на криминалната мрежа користеле позната апликација за комуницирање каде што ги рекламирале своите незаконски услуги. Членовите на криминалната мрежа се фокусирале на кубански државјани од ранливи групи. За уплата од околу 9 000 евра, тие го организирале патувањето и обезбедувале лажна документација за мигрантите.

Од Куба. како почетна точка, мигрантите биле пренесувани во Србија, искористувајќи ја можноста за влез во земјата без виза. Оттаму, преку илегални патишта, од С Македонија биле носени до Грција, од каде што, пак, заминале за својата крајната дестинација – Шпанија.

Севкупно, постои сомневање дека криминалната мрежа успешно прошверцувала околу 5 000 Кубанци во ЕУ.

Прикажи повеќе