Вонредна состојба од вчера има во Ивањица, Бабушница, Нов Варош, делови од Врање, а од утрово и во Црна Трава во Србија, каде сите планини се под снег.

Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ соопшти дека патните правци кои што се приоритетни се проодни, но дека на некои патни правци има и до 10 сантиметри снег. Непроодни се патиштата во Црна Трава, Сјеница, Тутин и Бабушница, а проодни се приодите кон зимските туристички центри. Вонредна состојба има во Сјеница и Врањска Бања, а слична е состојбата и во Нова Варош и Црна Трава. Најтешко е во областа Пријепоље, Сјеница и Ивањица. Екипите задолжени за чистење на патиштата и „Електродистрибуција Србија“ се на терен.

Милош Миленковиќ, помошник на началникот на Дирекцијата за противпожарна и спасувачка единица на Секторот за вонредни состојби од Србија, гостувајќи во Утринската програма на РТС, изјави: „Ситуацијата се смирува, но се уште сме во целосна готовност и подготвени да реагираме“, вели Миленковиќ, посочувајќи дека во текот на претходните два дена имале вкупно 31 интервенција на територијата на целата држава, како и дека евакуирани се 30 лица, а спасени се 17 лица.

Прикажи повеќе