Џанлуиџи Донарума е избран за најдобар голман на светот за 2021 година, откако угледниот „Франс Фудбал“ му го додели „Трофеј Јашин“ кој го носи името по легендарниот голман Лав Јашин.

Младиот италијански голман успеа да го освои трофејот од Европското првенство со Италија беше избран за најкорисен играч на турнирот и беше клучен фактор во походот на „аѕурите“. Покрај тоа, Донарума имаше неверојатна сезона и во Милан, па клубот се врати во Лигата на шампионите по долгата пауза.

Во новата сезона Донарума го брани голот на француски ПСЖ.