Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, придружуван од адвокати и партиски поддржувачи пристигна во зградата на Судот на Босна и Херцеговина каде е закажано рочиште за обвинението во кое тој и Милош Лукиќ, вршител на должноста директор на Службен весник, се обвинети дека сториле кривично дело „Неизвршување на одлуките на високиот претставник во БиХ“.

Обвинителството на Босна и Херцеговина го обвини Додик дека, како претседател на РС, на 7 јули објавил два закони кои предвидувале дека одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина и Уставниот суд на Босна и Херцеговина не се применуваат на територијата на РС.

Додик и Лукиќ се соочуваат со затворска казна до пет години и забрана за работа во сите јавни институции и претпријатија.

Прикажи повеќе