Дејвис Kуп репрезентацијата на Македонија денеска ги дозна противниците за прелиминарната фаза од турнирот на Кипар во склоп на Третата евро-африканска група, која воедно е и најнизот ранг во ова натпреварување.

Жолто-црвените, кои се предводени од нашиот прв рекет Калин Ивановски, се најдоа во групата Б заедно со селекцијата на домаќинот, која е носител и со Малта и со Молдавија. Во групата А, пак, се најдоа Естонија, Сан Марино и Црна Гора.

Македонија во утрешнотоп прво коло ќе ги одмери силите против Малта. Пласман во повисок ранг ќе обезбедат првопласираните репрезентации од двете групи, како и подобриот од пресметката помеѓу второпласираните./Sport1.mk/

Прикажи повеќе