Денвер Hагетс, првопласираната екипа во Западната конференција во регуларниот дел од сезоната, стигна до импресивна 125:107 победа над Фeникс Cанс во првиот меч од конференциското полуфинале, предводени од расположените Џамал Марееј и Никола Јокиќ.
Мареј беше прва ѕвезда на паркетот со 34 поени, 5 скока и 9 асистенции, Јокиќ додаде 24 поени, 19 скока и 5 асистенции, а одлични беа и Гордон со 23 поени и Браун со 14 поени, додека на Санси не им помогнаа 29-те поени на Кевин Дурент.
По израмнетиот старт и водството на Фeникс од 32:31 по првата четвртина, Денвер ја презеде контролата до крајот на полувремето поведувајќи со 68:51, за на почетокот на второто полувреме Мареј да блеснe и да ја осигура големата победа.