Авториските права постојат со јасна цел правно да ја заштитуваат интелектуалната сопственост на луѓето, така што таа не би можела да се употребува или злоупотребува од други страни без одобрение на авторот.

Меѓутоа, во услови на забразан развој на вештачката интелигенција, почнаа да се наметнуваат и бројни прашања за тоа дали генераторите на вештачка интелигенција ги прекршуваат законите за авторски прави и дали воопшто креативните дела кои се изработени со помош на вештачка интелигенција можат сами по себе да бидат заштитени како интелектуална сопственост.

Еден одговор добивме од американската федерална судијка Берил Хауел, која одлучи дека секое дело создадено исклучиво од машина не може да подлежи на правна заштита како интелектуална сопственост, пренесува „Холивуд репортер“.

Судијката Хауел објасни дека секое дело кое бара заштита мора да има „создавач со капацитет за интелектуален, креативен или уметнички труд“. Дали тој иницијатор треба да биде човечко суштество за да бара заштита на авторските права? Според Хауел, одговорот е категорично „да”.

Одлуката била донесена во врска со поднесено барање за правна заштита на интелектуална сопственост за два пронајдоци за кои било наведено дека биле измислени исклучиво од вештачка интелигенција. Барањето било поднесено уште во 2018 година, но Управата за авторски права тогаш го одбила, по што следувала жалба од подносителите.

Прикажи повеќе